Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 септември 2012
Од гостувањето во Прилеп, ФК Борец се враќа со три бода, кои беа очекувани. Против екипата на Кадино, на гостински терен велешани славеа со убедливи 5:1. Така тие по две кола се на врвот со гол разлика 11:1. Во редовите на ФК Борец дојде Дарко Ранготов. Репрезентативецот на Македонија во футсал Ранготов e вревен стрелец кој во Лигата на шампионите во футсал за ФК Железарец има постигнато 12 гола. Тој кариерата ја започна во ФК Борец и сега повторно се враќа во матичниот клуб а ќе настапува и за ФК Железарец во футсал лигата.
Tweet |